710
Во пожарот што ноќеска избувна кај бараките на ЈП”Улици и патишта” настрада и автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски. Сепак тој не се сомнева дека неговото возило бил нечија цел, бидејќи прво се запалил друг авгомобил, а огнот го зафатил и неговиот.
Пожарот најпрвин избувнал во автомобил кој бил паркиран до оној на обвинителот, а се прошири и на бараките на јавното претпријатие.
За случајот информираа и од МВР.
-Пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени, информира МВР.
Во пожарот за среќа нема настрадани или повредени.