Изгоре голема површина трска во Охрид, загрозени биле и куќите

by fokus

Во пожарот што вчера попладне изби кај Охрид изгоре голема површина трска. Од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид информираа дека со часови се бореле да не се запалат и околните куќи.

-Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат ! Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати ! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца, велат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид.

Поврзани новости