292
По пожарот во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево, објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми – Кире Михаилов.
– За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи, се вели во објавата на социјалните мрежи.
– Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат. Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево. Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници, напиша Михаилов на социјалните мрежи.