Изгоре барака во Пржино, повреден сопственикот

by Fokus

Попладнево изгоре барака во скопската населба Пржино, а по брза интервенција на ПП на Град Скопје, спречено е ширење на пожарот.

Во огнената стихија повреден е соственикот кој се обидел да го гаси огнот.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА информираат дека интервенирале со шест возила и 18 пожарникари и оти пожарот веднаш бил изгасен со што се спречило огнот да биде префрлен кон околните куќи.

Поврзани новости