Изгласана недоверба на Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа

by Fokus

Собранието на денешната седница со 73 гласа изгласа недоверба на членот на Судскиот Совет Тања Чачарова Илиевска. Со 75 гласа пак, Собранието изгласа недоверба и на членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа.

Собранието констатира дека Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека овие членови ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, тие го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судски совет.

Чачарова Илиевска и Мустафа не присуствуваа на седницата.

Претходно беа изгласани интерпелациите на Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева.

Поврзани новости