Изгласана е одлуката за формирање анкетна комисија за случајот „Онкологија“

by Fokus

Со 96 гласа „за“ и без „против“ или „воздржани“, пратениците денеска ја усвоија одлуката за избор на претседател и членови на Анкетната комисија во врска со скандалот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

Пратениците го изгласаа предлогот-составот што претходно беше утврден на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, според кој, за претседателка на Анкетната комисија е избрана пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, а за нејзин заменик сопартиецот Александар Вељановски.

Анкетната комисија брои 12 членови и исто толку заменици.

Членови на Комисија ќе бидат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Антонијо Милошоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески, пратеници од СДСМ и коалицијата – Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска, пратениците Арбен Зибери и Бедри Фазли од ДУИ и Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците.

За нивни заменици, пак, избрани се Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска од СДСМ и коалицијата, Бајрам Кадрија и Берат Ајдари од ДУИ и Артина Казими од Алијанса за Албанците.

Поврзани новости