503
Попладнево во Собранието со 61 глас „за“ беше изгласан Законот за солидарен данок со кој дополнително ќе се оданочуваат добивките на големите компании кои оствариле приход од над 10 милиони евра, а при тоа таа добивка е поголема во однос на претходните години.
Со овој закон се очекува државата да собере од 50 до 80 милиони евра, а според претходните анализи на Управата за јавни приходи, станува збор за околу 150 до 200 фирми.
Ќе бидат опфатени компании од трговијата, енергетскиот, металуршкиот, финансискиот сектор, како и претпријатија од други дејности.