Изгласан Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, иако опозицијата побара да се почека извештајот од Венецијанската комисија

by fokus

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што релкоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците. Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите.

За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

Поврзани новости