Вчера имало над 20 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се пожарите во Општина Дојран и Општина Богданци, кај месноста „Стара Караула Допчели“ каде што горела ниска и мешана шума. Противпожарните екипи се на терен во месноста и се уште вршат контрола на евентуално можна појава.
Во Општина Струмица, кај Просениково и Сарај горела сува трева, во Општина Гази Баба, 2, населба „Камник“ кон населба „Железара“ исто така била зафатена сува трева, како и на ул. „Зенден Џемаил“ кај Кванташки пазар.
Сува трева, ниска вегатација и стрништа гореле и во Општина Студеничани 2, Количани и Моране, во Општина Сарај, Лубин и во Општина Струга, 2, Татеши и Ложани горела, во Општина Прилеп кај Галичани, патот за Битола, фабриката „11 Октомври“ и над градинката „Гоце Делчев“, во Општина Битола 2, Индустриски пат и помеѓу селата Беранци и Српци, во Општина Штип, месноста Суитлак, во Општина Гостивар, Србиново, во Општина Желино, Церово и во Општина Долнени, селата Црнилиште и Долгаец.
Во Општина Липково, над Никуштак била зафатена нискостеблеста шума.