Изгаснат пожарот во Универзална сала: Герасимовски апелира да не се шират шпекулации за причините за избувнувањето

by Fokus

По информациите за избувнувањето на пожарот во Универзална Сала градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски веднаш се упати на терен. Пожарот е локализиран и не постои опасност за другите објекти, сподели тој. Герасимовски на социјалните мрежи известува дека според првичните информации во зградата немало никој и апелира да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации која е причината за настанување на пожарот.

„Пожар избувна во Универзална Сала при што веднаш се упатив на терен. Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации што е причината за пожарот“, пишува Герасимовски.

Поврзани новости