375
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) извести дека регионалниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран за сообраќај. Сообраќајот на овој патен правец утринава беше времено прекинат поради опожарено товарно моторно возило.
Противпожарната бригада на Струмица објави дека денес нивни пожарникари биле ангажирани на гасење запалена цистерна на регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на село Владевци. Пожарот на цистерната која превезувала дизел гориво кај нив бил пријавен по 9 часот утрово, а во негово гасење упествувале 2 противпожарни возила и 6 пожарникари.
Од ТТПЕ Струмица велат дека благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и изгаснат.