301
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнево во близина на Свети Николе.
Пожарот се проширил помеѓу селото Кадрифаково и бензинската пумпа „Мики Петрол“, во правец на ветерниците спроти фабриката „Агриа“, на ридови со висока трева и нискостеблеста шума.
Во гаснењето биле ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од ТППЕ Велес, противпожарното друштво од Свети Николе и екипа на ЈП „Национални шуми“.