Пожарот кој беше активен во 18:50 часот кај граничниот премин Богородица е изгаснат во 20:15 часот. Во гасењето на пожарот интервенирале 4 пожарникари и 2 противпожарни возила од ТППЕ Гевгелија, објави Центарот за управување со кризи.
Претходно регионалниот ЦУК Струмица соопшти дека пожарот кој беше изгаснат кај граничниот премин Богородица во 18:20 часот, повторно е активиран во 18:50 часот.
„Еекипите од ТППЕ Гевгелија повторно излегле на терен и во интервенцијата учествуваат и четворица полицајци од граничната полиција“, соопшти РЦУК-Струмица.
За првичното избувнување на пожарот од Регионалниот ЦУК Струмица, известија дека од 15.42 часот гори нискастеблесна шума околу граничениот премин „Богородица“ на површина околу половина хектар . Веднаш на терен биле излезени 3 противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица со 9 пожарникари, тим од МВР Гевгелија со четворица гранични полицајци и тим од ЕВН „Македонија“ за исклучување на напојување со електрична енергија, согласно оперативните стандардни процедури.
„Со ангажман на субјекти од Системот за управување со кризи од локалната самоуправа Гевгелија пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума, бил изгаснат во 17.30 часот’, соопшти регионалниот ЦУК Струмица, за првичното опожарување.