631
Пожарот што вечерва избувна во напуштена куќа на адвокатската улица позади ресторанот „Стара куќа” е изгаснат.
Во 21:18 часот е примена дојава за запалена куќа на адвокатска улица позади ресторанот „Стара куќа”. По самата дојава пристигнато е со три возила и уште едно дополнително возило за дотур на вода. Пожарот е локализиран за краток период, куќата е напуштена и во неа не живеел никој, изјави вечерва командирот на ТТПЕ Владимир Симоновски.