Изгаснат опасниот пожар во Крушевско и сите 15 пожари на отворено

by Fokus

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е изгаснат пожарот во крушевско, што се доближи до селото Пуста Река и претставуваше закана за тамошните куќи.

Во последното деноноќие, вкупно имало 15 пожари на отворено и сите се изгаснати. Активни нема.

„Опасен беше шумскиот пожар што изби вчера попладне во атарот на крушевското село Пуста Река. Доби опасни димензии и се приближи близу до селото поради што на помош на крушевските пожарникари во координација на ЦУК беа испратени два полициски хеликоптера нс МВР. Се дејствуваше брзо и силно со силите коишто беа на располагање. Благодарение на пожарникарите, месното население и двата полициски хеликоптери пожарот е ставен под контрола пред 19 часот вчера и потоа и целосно беше изгаснат. Опожарена беше квалитетна борова шума, на еден хектар и ниска вегетација два 2 хектара“ соопштија од ЦУК.

Поврзани новости