Утрово е изгаснат и последниот активен пожар во Македонија. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) станува збор за пожарот во Македонски Брод, во близина на ЈП „Јасен“.
„Вработените во „Јасен“ поддржани од два воздухоплови од МВР од 08.00 часот работеа на негово целосно догасување, дури и во делот на внатрешното согорување на трупците и опожарените дрвја. Во моментот нема чадење, а воздухопловите се префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод. Таму во догасувањето на пожарот се вклучени 40 припадници на Армијата, 30 лица од специјалните сили на МВР и 10 пожарникари од ТППЕ Македонски Брод. На тој потег кај Тажево, од страна на градоначалникот на Македонски Брод е вклучена и една градежна машина што работи кон село Тажево. Сè уште дел од пожарот е активен од Тажевскиот Рид кон селото Тажево, но со концентрирано дејство за релативно кратко време се очекува да биде ставен под контрола – велат од ЦУК.
Во последното деноноќие имало вкупно 18 пожари на отворен простор од коишто активен бил само пожарот кај Македонски Брод, пет биле под контрола, а 12 изгаснати.