Изгаснат едниот крак од пожарот над Теарце, другиот се уште активен

by Fokus

Целосно е изгаснат едниот крак од шумскиот пожар над селото Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Другиот дел од пожарот е се уште активен, но со помал интезитет од вчера.

Според Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово, состојбата континуирано се следи. Се очекува активниот дел од пожарот да се самоизгасне во текот на ноќта со оглед на ниските температури. Ако тоа не се случи, утре, по утринското извидување, е планирано повторно да се оди на терен за пожарот да се доизгасне.

Екипата попладнево се повлекла откако почнало да се стемнува, но и поради непристапниот терен.

Поврзани новости