467
Големиот пожар кој избувна завчера на депонијата кај селото Добрашинци, во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево, во најголем дел е изгаснат, информира Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“- Струмица.
-Во најголем дел, околу 80 отсто, пожарот на депонијата е изгаснат. Очекуваме до крајот на денот целосно да го изгаснеме и со тоа да престане чадењето. Во гаснењето е вклучена наша и позајмена механизација, како и камиони со кои истураме песок на најкритичните делови на депонијата коишто се зафатени од пожарот, рече Ѓоргиев.
Според негови информации депонијата била запалена од неодговорни граѓани, кои таму се движат, а пожарот бргу се проширил.