Од утрово во неготинско, на планината Серта се дејствува со два хеликоптери и неколку жаришта се изгасени, за ,,Фокус” известуваат лица вклучени во гасењето на големиот пожар.
Додаваат дека од ЕБР го догасуваат огнот од земја, и се надеваат дека по девет дена борба со пламените јазици, пожарот ќе биде локализиран.
-Се работи на терен, се гаси од копно и од воздух. Се молиме да се спасат имотите во Калањево и Бела Вода, таму има околу 150 куќи. Покрај стручните екипи, овде се присутни и доброволците, кои цело ова време даваат свој максимум за ставање на стихијата под контрола, информираат мешатни.
Синоќа во Неготино се одржа координативен состанок и беше формиран регионален кризен штаб со кој координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. На состанокот беше потенцирано дека состојбата со пожарите е алармантна, но со заеднички сили ќе се победи.
Вики Клинчарова