Изгасен е пожарот кај Будинарци

by Fokus

По неколкудневна борба со огнената стихија, пожарот кај селото Будинарци е целосно изгасен, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово. Поаѓајќи од нашето начело, безбедноста на луѓето на прво место, известуваме дека во пожарот не настрада ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден повреден австриски пожарникар кому му посакуваме брзо оздравување. Дел од австриската противпожарна опрема како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на лице место за да не дојде до повторно разгорување на оганот на одредени места, нешто што редовно се случува по совладувањето на вакви големи пожари особено имајќи го во предвид засилениот ветар кој од пред малку почна да дува“, пишува Ангелов.

Поврзани новости