411
Да бидеме искрени кон себе, засега сме болно општество, отруено, општество што е во заложништво од злоба и завист, на омраза и отуѓеност. Но ќе дојде време кога повторно ќе се грижиме едни за други, време во кое ќе си помагаме.
Затоа прво мора заедно да го срушиме оној ѕид од луѓе што ни стојат на патот и ни сметаат да изградиме прогресивно општество, општество со слободоумни и искрени луѓе, луѓе што ќе придонесат за заедницата и заедницата ќе се гордее со нив. Наскоро тоа ќе биде, а кога ќе биде, веќе никогаш повеќе нема да дозволиме некој да прави будала од нас. Издржавме толку време, ќе издржиме уште малку!