Вакциналните сертификати, маските, средствата за дезинфекција, карантините, носењето раквици се дел од нашето секојдневие за време на пандемијата со коронавирусот. Овие мерки логични или нелогични ги применувавме сите, но дали властите беа во право и дали доволно ги слушаа медицинските пораки?
Ковид мерки или светска параноја
Седи дома стана наше секојдневие
Нелогични ковид пропусници во Европа
Пропусниците за Ковид станаа задолжителни за разни јавни настани низ Европа. Владите дали поради збунетост или незнаење почнаа да ги прошируваат мерките и за настани за кои навистина е апсурдно и надвор од секоја логика да се регулираат со пропусници па така до пред само еден месец во Чешка регулативата беше проширена и на колење свињи – предбожиќна традиција во која месар доаѓа во домовите на луѓето за да обезбеди месо за празнични специјалитети. Уредбата вели дека се потребни пропусници за учество на овие „забави за колење свињи“ и дека до 1.000 луѓе можат да присуствуваат на настани каде што обично има само неколку членови на семејството.
Во Англија, пропусниците за ковид сега се потребни во ноќни клубови и пабови со подиуми за танцување или „простори за танцување“. Сепак, условот во пабовите важи само од 1 часот по полноќ, што значи дека гостите можат да одат на местото пред тоа време за да не им бараат потврда од обезбедувањето.
Во Летонија, луѓето на позиции се привремено суспендирани доколку немаат пропусница за ковид. Досега суспендирани се 19 лица вработени во општините низ државата.
Потребна ви е пропусница за да отидете на бензинска пумпа во Литванија. Претходно важеше дека луѓето можеа да влегуваат на бензинските пумпи без нив, но само за помалку од 15 минути. Луѓето без сертификат во Литванија исто така не смеат да влезат во големи трговски центри, спортски сали… Не смеат да влезат во ресторани, но можат да купат храна за носење.
Забрането е престој во црквите без потврда во Грција. Владата одлучи дека невакцинираните лица мора да направат брз тест или да покажат доказ за вакцинација за да можат да одат во црква.Водечкото тело на Грчката православна црква, каде што многу свештеници изразија скептични ставови за вакцините, рече дека не е во позиција да врши проверки на влезовите на црквата.