Издадена потерница за братот на Алексеј Навални

by Fokus

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по Олег Навални, братот на Алексеј Навални – опозиционерот кој почина на 16 февруари во затворската колонија „Поларни волци“.

Потерницата по братот на Алексеј е издадена во време кога семејството на Навални барало да им биде предадено телото на Алексеј, за да можат да го погребаат рускиот опозициски лидер.

Засега не се знае зошто е распишана потерницата по Олег Навални кој веќе се бараше во 2022 година кога беше обвинет за учество на протест во Москва, поради апсењето на неговиот брат Алексеј.

Поврзани новости