Сме избришани, но не и поразени, вака изјавил претседателот на сега веќе поранешниот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски.
Георгиевски во интервју за бугарските медиуми истакнал и дека „Македонија порано или подоцна ќе мора да направи измени во Уставот и да ги вклучи Бугарите како државотворен народ“.
„Да, избришани сме, но уште не сме поразени. Решението на министерот за правда го обжаливме до Уставниот суд. Ќе продолжиме да се бориме и да си ги бараме правата по судски пат. Веруваме дека РСМ ќе стане подобра земја за живеење за Бугарите. Веруваме дека ќе не вклучат во Уставот. Со тоа Бугарите ќе станат еднакви со сите други народи“, истакна Георгиевски во разговор за „Bg on air“.
Тој информирал дека Бугарите ќе достават писмо до претседателот Стево Пендаровски, со барање да бидат вклучени во работната група која ќе ги подготвува амандманите за измените на Уставот.