640
Министерството за транспорт како единствен акционер на АД МЕПСО ги назначи новите членови на Надзорниот одбор на компанијата, соопштија од таму.
За членови на Надзорниот одбор на Операторот на електропреносниот систем АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем избрани се Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ.
На вчерашната седница, Надзорниот одбор ги избра членовите на Управниот одбор. За претседател на Управениот одбор и директор е назначен Бурим Љатифи, за заменик директор Александар Пауноски, а за членови назначени се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.