72
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ги избра Грција, Данска, Пакистан, Панама и Сомалија за нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН чиј двогодишен мандат ќе започне на 1 јануари 2025 година.
Советот за безбедност е единственото тело на ОН што може да носи правно обврзувачки одлуки како што се воведување санкции и одобрување употреба на сила, а има пет постојани членки со право на вето – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД.
Останатите 10 членови се избираат на Генералното собрание, така што секоја година со бираат по пет.