Избрани нови органи на ЦО на СДММ

by Fokus

Денес, се одржа првата седница на Централниот одбор на Социјалдемкратската младина на Македонија, на која што беа избрани секретар, потпретседатели, огранизационен секретар и нов состав на Извршниот одбор на СДММ.

Новите ограни и тела на СДММ во мандат во следните две години ќе имаат бројни активности, создавање на квалитетни младински и европоски политики, промоција на политиките на СДММ и СДСМ.

За секретар на СДММ е избран Виктор Велевски од ЛК СДММ Кавадарци. За организационен секретар на СДММ е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош.

За потпретседатели на СДММ се избрани: Јон Фрчкоски, Ана Манасиева и Никола Рилак.

На седницата едногласно беше избран и новиот Извршен одбор на СДММ, во следниот состав: Блажена Огненоска – ЛК Кичево , Ристе Булоски -ЛК Охрид, Марко Спиркоски – ЛК Прилеп, Мерсиха Муше – ЛК Ѓорче Петров, Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Виолета Димитровска – ЛК Берово, Ивана Трајкова – ЛК Неготино, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Владислав Трајковски – ЛК Куманово, Соња Мартинова – ЛК Велес, Елена Велковска – ЛК Свети Николе, Марија Иванова – ЛК Струмица, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Ангела Паневска – ЛК Врапчиште , Марко Михаилоски – ЛК Тетово и Дарко Мијовски – ЛК Гостивар.

Поврзани новости