Избрани финалистите за „Автомобил на годината во Македонија“

by fokus

БМВ 1 (BMW 1), Киа ХСид (Kia XCeed), Мазда 3 (Mazda 3), Опел Корса (Opel Corsa), ШангЈонг Корандо (SsangYong Korando) и Тојота РАВ 4 (Toyota RAV4), се годинашните финалиси за избор на автомобил за 2020 во Македонија.

Прогласувањето на победникот ќе биде во средината на февруари 2020 година.

- Advertisements -

Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија го прославува 25-годишниот јубилеј.

Победникот традиционално ќе ја добие наградата „стилизирана маска на ладилник“ – авторско дело на Валентин Ширилов, која во сите досегашни избори ја добиваше победникот, а изработено токму за националниот избор на автомобил на годината во земјава.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „СУВ автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.

Поврзани новости