Избрани четворица судии во Врховен суд, меѓу нив и судијата Кадрии

by fokus

Мирјана Лазарова Трајковска, Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова се новите врховни судии.

Лазарова-Трајковска и Кадрии ќе работат на кривични, а Георгиев и Мартинова на  граѓански предмети. Во Врховниот суд остануваат уште две празни места, бидејќи останатите кандидати не го добија потребното мнозинство од судиите на Судски совет.

Мирјана Лазарова Трајковска беше долгогодишен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Сафет Кадрии и Лидија Мартинова доаѓаат од скопска апелација, а Наке Георгиев е претседател на Апелација во Штип.

Поврзани новости