По дводневната расправа во Собранието, вечерва пред полноќ, со 62 гласа „ЗА“ беше изгласана новата Влада. „ПРОТИВ“ гласаа 51 пратеник, а воздржани немаше.
Изборот беше проследен со аплауз. Веднаш потоа новоизбраните министри дадоа свечена изјава.
Новата влада ќе ја предводи премиерот Зоран Заев и министрите:
Артан Груби – за министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв вицепремиер на Владата
Љупчо Николовски – за вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурс
Фатмир Битиќи – за вицепремиер за економски прашања;
Никола Димитров – за вицепремиер за европски прашања;
Радмила Шекеринска – за министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;
Оливер Спасовски – за министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи
Бојан Маричиќ – за министер која ќе раководи со Министерството за правда;
Бујар Османи – за министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;
Фатмир Бесими – за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии;
Крешник Бектеши – за министер кој ќе раководи со Министерството за економија;
Аријанит Хоџа – за министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Венко Филипче – за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;
Мила Царовска – за министерка која ќе раководи со Министерството за образование и наука;
Јагода Шахпаска – за министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;
Горан Милевски – за министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;
Ирена Стефоска – за министерка кој ќе раководи со Министерството за култура,
Јетон Шаќири – за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
Благој Бочварски – за министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, и
Насер Нуредини – за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.