Националното собрание на Република Српска (РС) вчера на специјална седница ја избра новата влада на чело со Радован Вишковиќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).
Од присутните 74 пратеници, за избор на новата влада гласале 51 пратеник.
Опозициските партии во парламентот на РС не го поддржаа изборот на новата влада на РС, бидејќи, како што наведоа, Вишковиќ нема легитимитет да биде мандатар.
Од 16 министерски места во владата на РС, осум се наменети за Србите, пет за Бошњаците и три за Хрватите.
Десет од министерствата ѝ припаднаа на СНСД. Социјалистичката партија (СП) доби два ресора, додека ДЕМОС, Народната партија на Српска (НПС), Обединета Српска (ОС) и „БХ Зелени“ добија по едно министерство.
Мандатарот за состав на нова влада на РС, Радован Вишковиќ, ја претстави програмата за работа пред гласањето за министрите што ги предложи.
Тој посочи дека клучните реформски области, кои ќе бидат во фокусот на новата влада на РС, може да се дефинираат преку пет столба.
Според него, на прво место останува економскиот раст, а потоа дигитализацијата на РС, како и реформата на јавните претпријатија, здравствената и социјалната политика и демографската обнова на Република Српска.