Парламентот на Црна Гора ја избра 44-та влада на премиерот Милојко Спајиќ. За избор на новата влада гласаа 46 пратеници, 19 беа против, а еден воздржан.
Дискусијата во Собранието траеше цела ноќ. Владата на Милојко Спајиќ има тројца потпретседатели, двајца ресорски потпретседатели и 17 министри.
Премиерот Милојко Спајиќ по изборот на Владата положи заклетва во Собранието.
Спајиќ во Собранието прочита само дел од експозето, односно само краток дел од планот за работа на 44-та Влада, што доведе до остри критики од опозицијата, која го обвини за непочитување на Собранието.
ДПС и СД порачаа дека 44-та Влада е анти-црногорска, антиевропска и проруска. Велат и дека тоа нема долго да трае бидејќи, како што велат, „изградено е на погрешни темели“.
Дебатата во Собранието ја одбележаа остри полемики меѓу Спајиќ и сега веќе поранешниот премиер и лидер на ГП на УРА – Дритан Абазовиќ.
Спајиќ рече дека владата ќе трае четири години, дека од 1 јануари следната година минималната пензија ќе биде 450 евра, а просечната плата ќе биде 1.000 евра годишно по формирањето на владата.
Skupština Crne Gore izabrala je danas predsjednika i članove 44. Vlade Crne Gore i time završila Prvu sjednicu Drugog redovnog (jesenjeg) zasijedanja u 2023. godini. pic.twitter.com/7POnmd2TYg
— Skupština Crne Gore (@SkupstinaCG) October 31, 2023