Избран нов лидер на Вагнер, на местото на Пригожин

by Fokus

Командантот Антон Јелизаров, познат по прекарот Лотус, е избран за нов водач на руската паравоена формација „Вагнер“, по смртта на претходниот водач и основач на таа група, Евгениј Пригожин.

Како што пренесува британски „Експрес“, новиот шеф на „Вагнер“ учествувал во некои од најжестоките битки во војната во Украина и одиграл водечка улога во освојувањето на градот Соледар во источна Украина.

„Експрес“ наведува дека во рамките на групата „Вагнер“ Јелизаров е познат како „освојувачот на Соледар“, што е прекар кој наводно му го дал самиот Пригожин.

Британскиот весник наведува и дека тој бил близок со Пригожин, кој неодамна загина во авионска несреќа во близина на Москва.

Поврзани новости