„Изборот на Трамп е можност за Израел да воспостави `суверенитет` над окупираниот Западен Брег“

by Fokus

Израелскиот министер за финансии – Безалел Смотрич изјави денеска дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „можност за Израел да оствари суверенитет“ над окупираниот Западен Брег во 2025 година.

Тој рече дека постои широк консензус во владејачката коалиција и опозицијата во Израел против формирањето на палестинска држава што ќе го загрози постоењето на Израел, пренесува Ал Џезира.

„Единствениот начин да се отстрани оваа опасност од агендата е да се примени израелскиот суверенитет над населбите во Јудеја и Самарија. Започнавме со подготовка на потребната инфраструктура за примена на израелскиот суверенитет над Јудеја и Самарија (окупираниот Западен Брег)“, изјави Смотрич, пренесува Танјуг.

Насилството од страна на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег наиде на меѓународна осуда и доведе до тоа некои земји да воведат санкции за голем број доселеници.

Поврзани новости