Републичката изборна комисија во Србија соопшти дека го отфрлила приговорот на опозициската коалицијата „Србија против насилството (СПН) за поништување на изборите.
Како што стои во соопштението, таа листа за избори во градот Белград не е овластена да поднесува барање до Републичката изборна Комисија, пренесува „Бета“.
Заменик-претседателот на РИК, Марко Јанковиќ, рече дека приговорот е поднесен од овластените лица од белградската листа до Градската изборна комисија, која се прогласила за ненадлежна и го доставила до РИК на одлучување.
Тој истакна дека „Србија против насилството“ поднела жалба до Врховниот суд во Белград кој одлучил истата да ја отфрли како неоснована, односно дека ГИК навистина не е надлежна за ова прашање.
Јанковиќ додаде и дека СПН побарала поништување на сите места кои се во надлежност на комисијата, тргнувајќи, како што наведе, од „фактот дека изборите се спроведени во атмосфера на грубо кршење на правилата и дека изборите биле незаконски“.
Повеќе членови на Републичката изборна комисија предложија РИК да се огласи како ненадлежна бидејќи приговорот е упатен кон ГИК, односно дека е јасно од контекстот оти се мисли само на градските избори, поточно дека ГИК мора да одлучи.
Најголемата опозициска листа „Србија против насилството“ по изборите ја обвини владејачката Српска наредна партија за изборна кражба.
Од тогаш редовно се одржуваат протести на улиците во Белград на кои се бара поништување на резултатите и повторување на изборите, а неколку нивни лидери со денови штрајкуваат со град, додека студентските организации исто така организираа протести.