Изборната кампања за парламентарните избори од 18 април до 6 мај

by Fokus

Изборната кампања за парламентaрните избори закажани за 8 мај годинава, започнува на 18 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 06 мај, соопшти Државната изборна комисија.

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 02 мај до 24:00 часот.

Улесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.

Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, се должни во рок од три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

МИА

Поврзани новости