Вкупно 1.598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи се акредитирани за вториот круг од Локалните избори 2021. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251.
Од домашните, најбројни се набљудувачите од граѓанската асоцијација „АКСИОС 2017“ и од здружението „ЦИВИЛ“, а другите се од Центар за слобода „Скопје“, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција „Мак-сонце“, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид-Скопје“, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението „Млади европски федералисти“ – ЏЕФ.
Меѓу странските најмногу се од Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и од американската Амбасада, а изборите ќе ги следат и набљудувачи од ИФЕС, британската Амбасада, амбасадите на Франција, на Унгарија, на Албанија, на Русија, Холандија, Италија, Чешка, Хрватска, Косово, Грција, Бугарија, Шпанија, Летонија и Австрија, како и од Централната изборна комисија на БиХ.
Акредитирани се и 10 странски новинари.