Изборите ќе се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба

by Fokus

Премиерот Оливер Спасовски денеска изјави дека изборите ќе се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, без да посочи конкретни датуми, со образложение дека сѐ уште се прават анализи дали да се побара продолжување на вонредната состојба.

„Компромис со Уставот нема. Уставот е јасен – дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори. Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, по 22 дена ќе се одржат изборите“, рече Спасовски.

Тој вели дека Владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе побара од претседателот Пендаровски да прогласи по четврти пат вонредна состојба која, како што рече, е потребна пред сѐ за спроведување на економските мерки.

Поврзани новости