Избори за членови на судски совет

by Фокус

Избори за три испразнети места во Судскиот совет се одржуваат денеска, откако судиите кои досега беа на тие позиции заминаа во пензија.

Комисијата за спроведување на изборот денеска ги спроведува изборите од редот на судиите во три изборни подрачја – Врховен суд, во Апелационо подрачје Скопје и управните судови и во Апелационото подрачје Гостивар.

Претседателот на Комисијата за спроведување на избори за избор на членови на Судски совет, Исамедин Љимани на денешната прес-конференција информира дека гласањето ќе трае до 15 часот и досега немаат пројавено проблеми.

Во изборното подрачје Врховен суд пријавен е само еден кандидат, судијката Мирјана Радевска Стефкова.

Во изборното Апелационо подрачје Скопје и управните судови пријавен е само еден кандидат, судијата на Апелационен суд Скопје Зоран Герасимовски.

Во изборното Апелационо подрачје Гостивар има пријавено двајца кандидати – судиите на Основен суд Тетово, Љупчо Спироски и Ивица Николовски.

Поврзани новости