Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори и избираат меѓу четворица претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.
Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.
Актуелниот претседател Реџеп Таијп Ердоган, потоа Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган, според редоследот на гласачкото ливче, се кандидати за претседател на Турција.
Избирачките места ќе бидат отворени од 8 до 17 часот по локално време, во 87 региони.
Избирачките места ќе бидат отворени и надвор од Турција, во 75 земји и 156 претставништва на оваа земја. Повеќе од 3,41 милиони граѓани се пријавени за гласање од странство.
Ова се први избори по 20 години на кои Ердоган не е фаворит за победа, туку анкетите му даваат предност на опозицискиот кандидат Киличдароглу.
Во меѓувреме, Ердоган обвини дека опoзицијата има поддршка од САД, додека Киличдароглу ја обвини Русија дека работи во корист на Ердоган.