Во Србија денеска се одржуваат избори за пратеници во Собранието на Србија и во Собранието на Војводина, како и локални избори во 65 општини и градови, меѓу кои и Белград.
Избирачките места се отворени од 7:00 до 20:00 часот.
На 8.273 избирачки места своето право можат да го остварат 6.500.666 запишани избирачи. Избирачките места се отворени од 7 часот, а се затвораат во 20 часот. Ќе има рекорден број набљудувачи, односно контролори – 5.587 домашни и странски набљудувачи, соопшти претседателот на Републичката изборна комисија, Владимир Димитријевиќ.
По две престрелки во мај оваа година, вклучително и едно во основно училиште, во кои загинаа 18 лица, либералната опозиција се обедини во изборниот сојуз Србија против насилството.
Либералите се надеваат дека ќе го преземат главниот град Белград. Првите резултати се очекуваат доцна во вечерните часови.
Последните анкети и даваат мнозинство на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ, со 40 до 45 отсто од гласовите. Вучиќ изминативе денови речиси секој повикуваше да се гласа за СНС, сугерирајќи дека постои опасност од хаос во земјата.