Избори во Шпанија, десничарите со најголеми шанси да се вратат на власт

by Fokus

Шпанија денеска одржува парламентарни избори во ситуација на длабока политичка поделба во земјата, невидена уште од периодот пред граѓанската војна во триесетите години на минатиот век, по која следуваше 40 годишната диктатура на генералот Франциско Франко.

Голем дел од Шпанците стравуваат дека на власт во земјата ќе се вратат фашистите, токму во момент кога земјата доживува еден вид на економска ренесанса. Инфлацијата е на најниско ниво во еврозоната и една од најниските во Европа воопшто со 2 проценти, додека владата на премиерот Педро Санчез последните 4 години усвои низа закони кои ги зајакнуваат личните слободи и права на жените и припадниците на ЛГБТ заедницата.

Фаворит на овие избори, кои ги распиша Санчез по катастрофалните резултати на неговата Социјалистичка партија на локалните избори, е Народната партија на која ѝ се предвидува да освои околу 36 проценти од гласовите, пред социјалистите за кои не се очекува да надминат 29 проценти.

Поврзани новости