Милиони Американци избираат претседател меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и демократската потпретседател Камала Харис.
Американците гласаат и за целиот Претставнички дом, како и за третина од Сенатот.
-Трамп или Харис мора да обезбедат најмалку 270 гласови на Изборниот колеџ за да победат на претседателските избори
Според сегашните проекции:
– Трамп води во сите одлучувачки држави (сè уште не е започнато пребројувањето во Невада)
-Трамп победи во Северна Каролина
– Трамп победи во Џорџија, една од клучните држави, пренесува NBC News
– Трамп ги освои Алабама, Арканзас, Флорида, Ајова, Индијана, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мисури, Мисисипи, Монтана, Северна Дакота, Небраска Дистрикт 1, Небраска Дистрикт 3, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Западна Вирџинија, Џорџија и Вајоминг.
Харис победи во Вирџинија, Колорадо, Конектикат, Дистрикт Колумбија, Делавер, Илиноис, Масачусетс, Мериленд, Мејн Дистрикт 1, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Вермонт, Калифорнија и Вашингтон.
Трамп води и во гласовите, досега има освоено 50,3 милиони гласови, а Харис 44,2 милиони гласови.
– Републиканците го освоија мнозинството во Сенатот
– Безбедносните служби се подготвуваат да го блокираат паркот на плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа во случај на немири;
– Доналд Трамп објави видео порака во која најави дека очекува „голема победа“ на изборите и најави дека во тек се големи махинации во Пенсилванија, клучна држава, пренесува Спутник.
– Соработниците на Камала Харис очекуваат Доналд Трамп предвреме да прогласи победа.