Избори во Лекарска комора: Кој ќе седне на претседателското столче?

by Fokus

Денес во 13 часот во Градската болница „8 септември“ започнуваат изборите во Лекарската комора, каде битката ќе се води помеѓу актуелната директорка Калина Гривчева-Старделова и доктор Емилија Велкова  од Институтот за трансфузиона медицина.

Седумдесет и девет делаги првично денес треба да се изјаснат за претседатл на Собрание, а подоцна и за прв човек на ЛК, кој во наредните четири години ќе управува со Комората.

За време на целата процедура, се знаеше дека Старделова ќе влезе во трката за втор претседателски мандат, но до последен момент не се знаеше името на нејзиниот противкандидат.

„Фокус“ пред неколку денови објави дека на неа ќе и се спротистави доктор Велкова, но таа дури вчера или завчера поднела официјална кандидатура.

Во меѓувреме, иако не се знаеше нејзиното име, сепак дел од лекарите водеа хајка против актуелната претседателка, па дури имаше и заканувачки пораки  и нарачни текстови.

Дополнителен проблем во целата приказна е и притисокот што се врши врз делагатите, кои треба да го изберат новиот претседател. Нашите извори тврдат дека  им се ветува дека ако гласаат против сегашната претседателка, новото раководство ќе им овозможи да патуваат на сметка на Лекарската комора.

Но, тоа што е чудно е зошто е толку атрактивно претседателското столче во Лекарската комора? Претседателот е задолжен заедно со уште еден потписник од Етичката комисија да ги потпишуваат лиценците за докторите, а на месечно ниво добиваат минимален паушал.

Досега, Лекарската Комора имала четворица претседатели.

Ирена Мулачка

Поврзани новости