Избори во Косово: Ниту една партија нема да може самостојно да формира влада

by fokus

Медиумите во Приштина вечерва, веднаш по затворањето на избирачките места на парламентарните избори во Косово, објавија излезни анкети, според кои ниту една партија нема да може самостојно да формира влада.

Според проекцијата на Коха, Движењето Самоопределување повторно ќе освои најмногу гласови, но сега ќе има 47 мандати, додека досега имаше повеќе од 50. Според таа проекција, Движењето Самоопределување освои 42,3% од гласовите на парламентарните избори во Косово, објави порталот Ало.

Како што се наведува, Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово ќе имаат по 23 мандати, а коалицијата околу Алијансата за иднината на Косово ќе има 7 мандати.

Според истражувањето што го објави ТВ Дукаџини, Движењето Самоопределување освоила 40,3% од гласовите, Демократската партија на Косово 21,4%, Демократскиот сојуз на Косово 19,3%, а коалицијата околу Алијансата за иднината на Косово 7,2% од гласовите.

Поврзани новости