Избори во Бугарија, шести во изминатите три години

by Fokus

Во Бугарија денеска се одржуваат шестите парламентарни избори во последните три години.

Според аналитичарите, малку е веројатно дека изборите ќе создадат стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност и да ги деблокира економските реформи.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека ниту овојпат нема да добие мнозинство ниту една партија.

Избирачките места се отвораат во 7 часот по локално време, а затвораат во 20 часот.

Излезните анкети треба да бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места.

Првите делумни резултати се очекуваат околу полноќ.

Поврзани новости