Изборен молк во Албанија

by Fokus

По едномесечната изборна кампања, која се одвиваше многу поразлично од досегашните, поради пандемијата со Ковид-19, денeска во Албанија е изборен молк, пред утрешните деветти по ред парламентарни избори во земјата.

Кампањата во двата најголеми политички табора, Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и демократската на Љуљзим Баша, која ја предводи изборната коалиција „ПД-Алијанса за промени“, ја почнаа во исто време но на различни локации во Тирана, а ја завршија првите во Валона, а вторите на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана.

Рама дури и во Валона не остана без да ја нападне опозицијата, нагласувајќи дека на 25 април „сите ќе ги оставиме зад нас“ и Баша и претседателот Илир Мета, кого го нарече национален срам, и Моника Круемади претседателката на ЛСИ, кои, според него, ќе останат духови од минатото.

-На 25 април ќе завршат Моника, Илир, Лули и сите идиоти кои веќе 30 години се лепеа зад нас како духови од минатото. Албанија надвор од пандемијата, вон Ковид-19, треба да биде Албанија надвор од заразената политика на сите овие години, треба да ја оставиме зад себе заразената политика, толку години со толку многу енергија потрошена за кавги, за поделба. Замислете колку повеќе би сториле, ако во овие 30 години не поминувавме време во борби, рече Рама.

Поврзани новости