765
Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители денеска ги објави резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители.
„За член на Советот од подрачјето на ВЈО Битола е избран Антонио Јолевски – јавен обвинител во ОЈО Битола, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Гостивар е избран Фаик Арслани – јавен обвинител во ВЈО Гостивар, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Скопје е избрана Фиданка Рајевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје, за член на Советот од посебната листа на кандидати јавни обвинители кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Македонија е избран Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје“, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители.