550
Во тепачка што се случила доцна синоќа малолетник е избоден до смрт во скопската населба Ново Лисиче.
Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи, а според нивните информации расправијата која кулминирала со тепачка започнала половина час по полноќ на улицата „Февруарски поход“.
А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17) кој со возило на Брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал.
Прободувачот е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.