Избодени со нож две деца, на возраст од 9 и 10 години, во близина на основно училиште во Германија

by Fokus

Две деца на возраст од 9 и 10 години се избодени денеска во близина на основно училиште во Дуизбург-Маркслох, пренесува Билд.

Според информациите, ги избодел 21-годишен маж.

На местото на настанот веднаш биле испратени медицински екипи и полиција по повик на наставник.

Како што пишува Билд, раскрвавените деца некако успеале да стигнат до училиште по нападот, а според првите извештаи од местото на настанот биле нападнати кога се враќале дома од католичкото основно училиште.

Напаѓачот (21) набрзо по нападот бил уапсен, а мотивот за нападот се уште не е јасен.

Жртвите, момче и девојче, се пренесени во болница.

Поврзани новости